Една од дисциплините на Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF) што се одржуваат во Скопје се и натпреварите кајак на диви води што ќе се одржуваат на реката Треска во кањонот Матка.
Поради тоа Секторот за внатрешни работи Скопје соопшти дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје.
Изменетиот режим ќе биде од денеска (понеделник), вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот и непречено одржување на спортските натпревари.