Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се избори за пласман во полуфиналето на УС Опен, откако ноќеска го совлада Американецот Тејлор Фриц со 3:1 во сетови – 6:3, 7:5, 3:6 и 6:4.
Дуелот на „Артур Еш“ арена траеше три часа и 27 минути. Искусниот 38-годишен Ѓоковиќ забележа 10 аса, но направи и осум двојни грешки, реализирајќи четири од девет брејк шанси. Фриц возврати со 12 аса и пет двојни сервис грешки, а искористи само две од 13 можности за брејк.
Во борбата за финале, Ѓоковиќ најверојатно ќе се сретне со шпанскиот талент Карлос Алкараз, кој претходно го елиминираше Јиржи Лехечка од Чешка со убедливи 3:0 во сетови.
Ова издание на УС Опен носи рекорден награден фонд од 90 милиони долари.