Ѓоковиќ: „Синер и Алкараз се едноставно предобри“

На прес-конференцијата по синоќешниот пораз во полуфиналето на Отвореното првенство на САД, Новак Ѓоковиќ призна дека во моментов не може да ги победи Јаник Синер и Карлос Алкараз во мечеви од пет сета.

„Изгубив во 3 од 4 полуфиналиња на слем турнири од овие момци. Едноставно тие се предобри“, изјави српската тениска легенда, додавајќи дека ужива во поддршката од публиката и планира да продолжи да игра и следната година, особено на турнири со формат „најдобар од 3 сета“.

Зачлени се на нашиот е-билтен