Голема трагедија: Тренерот на женскиот клуб Валенсија загина со три деца

Валенсија

Тренерот на женскиот Б тим на Валенсија, Фернандо Мартин (44), и неговите три од, четирите деца, трагично ги загубија животите, откако туристички брод потона во близина на островот Падар, источно од Бали.

Веста длабоко го потресе клубот од Валенсија, кој се збогува со Мартин со емотивна порака на социјалните мрежи. Шпанскиот стручњак беше на бродот со сопругата и децата.

Неговата најмлада ќерка, на 7 години, и неговата сопруга беа спасени.

Несреќата се случи во водите на Националниот парк Комодо, недалеку од островот Падар. Како што објавува „Џакарта Глоуб“, индонезиските власти сè уште бараат четири исчезнати шпански туристи откако нивниот брод потона во областа спроти Лабуан Баја.

Според локалните медиуми, жртвите биле членови на исто семејство и биле на бродот КМ Путри Сакинах, на кој имало вкупно 11 лица. Бродот доживеал технички дефект, а потоа се превртел во петокот навечер, наводно поради силни бранови, додека седум патници биле спасени.

  • Четворицата исчезнати се шпански државјани кои патувале како семејство – изјави Стефанус Рисдијанто, раководител на пристанишната управа на Лабуан Бајо.

Зачлени се на нашиот е-билтен