Илиевски без промени во составот за дуелот со Унгарија

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во Солнок ќе се соочи со селекцијата на Унгарија во рамки на групната фаза од претквалификациите за Светскиот куп 2027. Селекторот Марјан Илиевски одлучи да настапи со истиот состав кој играше на првиот натпревар против Романија.

Илиевски изрази уверување дека избраните 12 кошаркари можат успешно да одговорат на предизвикот на гостински терен, во арената „Тисалигети“ во Солнок.

За натпреварот против Унгарија, селекторот ќе смета на: Андреј Магдевски, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Андреј Митревски, Амар Хот, Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Максим Митевски, Џејкоб Вајли и Тома Стојаноски.

Зачлени се на нашиот е-билтен