Ју-Ес Опен оваа година со рекорден награден фонд од 90 милиони долари

Edwin Martinez, CC BY 2.0 , via Wikimedia Commons
Edwin Martinez, CC BY 2.0 , via Wikimedia Commons

Вкупниот награден фонд на Отвореното првенство на САД во Њујорк се зголеми на рекордни 90 милиони долари, објавија организаторите на последниот тениски Гренд слем турнир во сезоната.

Наградниот фонд се зголеми за 20 проценти во споредба со минатогодишниот турнир. Победниците во поединечна конкуренција ќе заработат по пет милиони долари, или 39 проценти повеќе од минатата година. Оние што ќе изгубат во финалето во поединечна конкуренција ќе добијат по 2,5 милиони долари.

Тенисерите кои ќе изгубат во првото коло на Отвореното првенство на САД ќе добијат по 110.000 долари. Отвореното првенство на САД ќе се одржи во Њујорк од 24 август до 7 септември.

Зачлени се на нашиот е-билтен