Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз повторно се искачи на врвот на светскиот тениски врв, откако Здружението на тениски професионалци (АТП) денес го ажурираше своето официјално рангирање. Со новите бодови, 22-годишниот Алкараз го престигна Италијанецот Јаник Синер, кој сега се наоѓа на второто место.
Ова е уште едно големо достигнување за младиот Шпанец, кој со својата динамична игра и психолошка зрелост продолжува да ја потврдува позицијата на еден од најталентираните тенисери на денешницата.
На најновата АТП ранг-листа објавена на 10 ноември, топ 10 изгледа вака:
- (2) Карлос Алкараз (Шпанија) – 11.050 бодови
- (1) Јаник Синер (Италија) – 10.000
- (3) Александар Зверев (Германија) – 4.960
- (5) Новак Ѓоковиќ (Србија) – 4.830
- (6) Бен Шелтон (САД) – 3.970
- (4) Тејлор Фриц (САД) – 3.935
- (7) Алекс де Минаур (Австралија) – 3.935
- (8) Феликс Оже-Алиасим (Канада) – 3.845
- (9) Лоренцо Мусети (Италија) – 3.840
- (11) Џек Дрејпер (Велика Британија) – 2.990
Со ова враќање на првото место, Алкараз уште еднаш ја потврди својата доминација во современиот тенис и ја продолжи борбата за престижниот завршен пласман на крајот од сезоната.

