Клоп ја одби клупата на Реал Мадрид

По отказот на Чаби Алонсо, Реал Мадрид му ја довери клупата на Алваро Арбелоа, додека Јирген Клоп јасно порача дека не е заинтересиран.

Чаби Алонсо отпуштен од тренерската позиција во Реал Мадрид. На негово место дојде Алваро Арбелоа, поранешен клупски играч и поранешен тренер на младинските и резервните тимови на Реал. Договорот на Арбелоа важи и по оваа сезона, но ова е првиот сениорски тим што го води во неговата кариера. Затоа според многумина тој ќе биде само привремено решение и дека Реал ќе ангажира искусен и трофеен тренер на лето.

Јирген Клоп (58) ги исполнува споменатите критериуми и е голема желба на претседателот на Реал, Флорентино Перез. Пред година и пол, Клоп го напушти не само Ливерпул, туку и тренерската работа со образложение дека е прегорен. Оттогаш, тој е глобален директор за фудбал во групацијата Ред Бул, што е позиција со неспоредливо помалку стрес од тренерството во врвниот фудбал.

Клоп рече дека не е заинтересиран да го преземе Реал: „Интересот на Реал? Не сум заинтересиран и нема никаква врска со мене. Заминувањето на Чаби Алонсо е знак дека сè не е 100 проценти како што треба. Шпанецот е исклучителен тренер, но како наследник на легендата Карло Анчелоти, кој имаше многу специфичен начин на водење на своите тимови, не му беше лесно. Многу ми е жал за него бидејќи мислам дека е одличен тренер.“

Фабрицио Романо, најдоверливиот извор од фудбалскиот пазар, сепак истакнува: „Доколку Клоп одлучи да се врати на тренерската работа, тој е кандидат да го преземе Реал на лето.“

Зачлени се на нашиот е-билтен