Ледецки стана рекордерка по број на победи на светските првенства, вкупно 23

Американката Кејти Ледецки денес победи во финалето на 800 метри слободен стил на Светското првенство во Сингапур. Нејзиниот резултат беше 8 минути 5,62 секунди.

Дваесет и осумгодишната пливачка постави нов рекорд на светските првенства во оваа дисциплина, а стана и рекордерка по број на победи на светските првенства (23).

Австралијката Лани Палистер го освои второто место со рекорд на Океанија од 8 минути 5,98 секунди, а Канаѓанката Самер Мекинтош заврши на третото место со 8 минути 7,29 секунди.

На Светското првенство во 2025 година, Ледецки победи и на 1500 метри слободен стил, освои сребро во штафетата 4×200 метри слободен стил и бронза во 400 метри слободен стил.

Зачлени се на нашиот е-билтен