Македонија по првата победа во претквалификациите за Светскиот куп 2027

Кошаркарската репрезентација на Македонија попладнево ќе го одигра вториот натпревар од претквалификациите за Светскиот куп 2027 во Катар. Нашите кошаркари гостуваат кај Унгарија, а по стартниот пораз од Романија во Куманово, сега се стремат кон првата победа на гостински терен.

Селекторот Марјан Илиевски за двата натпревари против Унгарија и Романија повика исти 15 играчи кои беа во составот и на претходниот меч.

„Против Унгарија треба да се придржуваме кон поставениот план и да играме агресивно во одбраната. Најважно е да ја заградуваме зоната под кошевите, бидејќи тоа беше главниот проблем во натпреварот со Романија. Очекувам победа затоа што верувам дека можеме повеќе да дадеме. Од тренинг во тренинг растеме како екипа, бидејќи сме нова и млада селекција. Верувам дека ни претстојат се подобри резултати“, изјави еден од најмладите играчи, Андреј Митревски.

Натпреварот ќе се одигра во „Тисалигети“ Арена во Солнок, а судии ќе бидат Хулио Анаја од Панама, Александар Глишиќ од Србија и Мартин Вулиќ од Хрватска.

Зачлени се на нашиот е-билтен