Македонија со победнички старт на турнирот во Анкара

Женската ракометна репрезентација на Македонија го отвори турнирот во Анкара со важна победа од 29:26 против домашната селекција на Турција. Натпреварот беше неизвесен речиси до самата завршница, со резултат 12:12 на полувреме, но тимот на селекторот Кристијан Грчевски успеа да наметне ритам и да го скрши отпорот на противникот во последниот четвртина час.

Емилијана Ризоска беше расположена за игра и со 11 погодоци беше најпрецизна во македонскиот состав, додека голманката Драгана Петковска забележа 10 одбрани, меѓу кои и еден седмерец, придонесувајќи значајно за триумфот.

Македонските ракометарки утре ќе се соочат со селекцијата на Словенија од 12 часот, а турнирот ќе го затворат в недела со дуелот против Словачка, кој започнува во 10 часот.

Зачлени се на нашиот е-билтен