Македонската машка кошаркарска репрезентација утре (20 август) го игра последниот натпревар од претквалификациите за Светското првенство 2027. Во Скопје гостува селекцијата на Унгарија, а мечот ќе се одигра во СРЦ „Кале“ со почеток во 19:00 часот.
Кошаркарската федерација упати повик до љубителите на спортот да го наполнат „Кале“ и да дадат поддршка за националниот тим. „Поддршката од трибините секогаш била нашата најголема сила и мотив. Веруваме дека и овојпат ќе создадеме атмосфера достојна за големи спортски семејства“, порачаа од федерацијата.
Иако Македонија ги загуби шансите за пласман во следната квалификациска фаза, дуелот со Унгарија е можност за прва победа во овој претквалификациски циклус и позитивен финиш пред новите репрезентативни обврски.