Македонија за прв пат има тим на легендарниот Tor des Géants – една од најепските ултра планински трки во светот!
Нашите Катерина Шиповиќ, Радмила Јованова и Жикица Ивановски – сите членови на ТРЕКС, застануваат на стартот на 330 км авантура низ Алпите со 26.000 м висинска денивелација.
Исклучително горди сме што Охрид Ултра Треил 105к беше една од подготвителните трки за сите тројца претставници.
Што ја прави оваа трка посебна? Оваа планинска трка е во должина од 330 километри долж алпските патеки, со висинска разлика од 24.000 метри.
Од сите пријавени атлети, просечно само 40% стигнуваат до целта
Tor des Géants не е само трка – тоа е борба со себе, природата и времето. Само вистинските гиганти стигнуваат до крајот.
Се придружуваме на поддршката и на желбите за лесни нозе, добри временски услови и успешно патување низ Алпите на нашите атлети Катерина Шиповиќ, Радмила Јованова и Жикица Ивановски.