Македонската златна девојка Меланија Грозданова стигна во Торино

Грозданова

Италијанскиот гигант Јувентус ја пречека Меланија Грозданова, златната девојка од Македонија, една од најголемите фудбалски таленти што се појавиле на Балканот во последната декада.

Таа веќе ги започна тренинзите во Торино, а фановите ја препознаваат како Golden Girl MG7.

Според италијанскитте спортски медиуми, Грозданова оставила силен впечаток од нејзината брзина и леснотија со која постигнува голови. Управата на клубот има огромно задоволство од тоа што го прикажува Меланија.

Со само 16 години, таа стана стандардна стартерка во сениорската репрезентација на Македонија. Иако делува неверојатно за играчка на нејзина возраст, Меланија веќе ги игра најтешките минути на највисоко репрезентативно ниво. На последните два меча против силната Русија, настапи како стартер во двете средби, покажувајќи не само храброст, туку и зрелина и мирнотија кои ретко се гледаат кај тинејџерка. Во очите на селекторите и соиграчите, таа веќе е играч од кој тимот очекува разлика.

Блескаше во дресот на Љуботен, каде што постигна осум голови, покажувајќи неверојатна напаѓачка моќ и зрела игра која ретко се гледа кај толку млада фудбалерка. Минатата сезона, во дресот на Истатов, постигна 12 погодоци – уште тогаш беше јасно дека станува збор за играчка со посебна дарба.

Грозданова е крило со експлозивен прв чекор, самоуверена уметност во еден-на-еден ситуации и физичка подготвеност која многумина веќе ја споредуваат со легендарниот Кристијано Роналдо – од стилот на игра до препознатливата прослава на голови.

Но бројките и талентот се само дел од приказната. Меланија оваа есен ја предводеше македонската U19 репрезентација до влез во А-дивизијата на завршните квалификации за Европското првенство, подвиг што ретко кој го очекуваше. Токму затоа многумина ја сметаат за најголемиот фудбалски талент што Македонија некогаш го имала.

Зачлени се на нашиот е-билтен