Македонскиот репрезентативец Димитријевиќ ја потопи „Црвена Зведа“ во Евролигата

Димитријевиќ

Кошаркарите на Црвена Звезда доживеаа тежок пораз во 30-то коло од Евролигата во кошарка, каде што беа поразени од „отпишаниот“ Баерн Минхен со Светислав Пешиќ на клупата.

На теренот, Баерн го предводеше Ненад Димитријевиќ, 28-годишен плејмејкер и член на северно-Македонската репрезентација.

Тој постигна 11 поени и имаше четири скока и четири асистенции и беше меѓу најзаслужните за триумфот на Баварците.

Димитријевиќ сигурно имаше мотив повеќе против Звезда, бидејќи не е тајна дека е голем навивач на Партизан, како и Владимир Лучиќ, кој исто така даде голем придонес во победата на Баерн.

Еден ден подоцна, Нено Димитријевиќ се огласи на Инстаграм и „боцна“ со црвено-бели зборови дека победата во вакви атмосфери има дополнителна тежина.

  • Победите на гостувањата во ваква атмосфера имаат поголема тежина – напиша Нено Димитријевиќ.

За потсетување, Звезда моментално има скор од 17:13 и е на седмото место на табелата, додека Баерн е на 15-та позиција со скор од 13 победи и 17 порази.

Зачлени се на нашиот е-билтен