Македонските кошаркарки во група со Хрватска, Грција и Данска за квалификациите за ЕП 2027

Македонската женска кошаркарска репрезентација ќе се соочи со селекциите на Хрватска, Грција и Данска во првата фаза од квалификациите за Европското првенство 2027. Ова стана јасно по денешната жрепка што се одржа во седиштето на ФИБА Европа во Минхен.

„Црвено-жолтите“ се најдоа во групата Ф, каде ќе се обидат да обезбедат пласман во втората квалификациска рунда. Натпреварите од првата рунда ќе се играат во периодот од ноември 2025 до март 2026 година.

Од секоја група, пласман понатаму ќе обезбедат победниците, второпласираните, како и три најдобри третопласирани репрезентации според резултатите. Вкупно 17 селекции ќе се приклучат во следната фаза од квалификациите.

Репрезентациите што нема да успеат да се пласираат понатаму, ќе продолжат со настап во претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029.

Распоред на групи – квалификации за ЕП 2027:

  • Група А: БиХ, Израел, Луксембург, Ирска
  • Група Б: Словенија, Летонија, Холандија, Естонија
  • Група Ц: Словачка, Полска, Романија, Кипар
  • Група Д: Велика Британија, Швајцарија, Норвешка, Австрија
  • Група Е: Црна Гора, Украина, Бугарија, Азербејџан
  • Група Ф: Грција, Хрватска, Данска, Македонија
  • Група Г: Србија, Португалија, Исланд

Финалниот турнир на Европското првенство 2027 ќе се одржи во Белгија, Шведска, Литванија и Финска, кои се веќе квалификувани како ко-домаќини и се сместени во групата Х.

Зачлени се на нашиот е-билтен