Милан го победи Ливерпул во пријателски натпревар

Милан го победи Ливерпул денес во пријателски натпревар со 4:2. Натпреварот се одржа во Хонг Конг.

Стрелци за Милан беа Рафаел Леао (10. минута), Рубен Лофтус-Чик (52) и Ноа Окафор (60. и 90+4.).

Головите за англискиот клуб ги постигнаа Доминик Собослај (26 .минута) и Коди Гакпо (90+3.).

Милан ќе го игра својот следен пријателски натпревар на 31 јули против Перт Глори, додека Ливерпул ќе се соочи со Јокохама на 30 јули. 

Зачлени се на нашиот е-билтен