Под раководство на ФИФА се подготвува нов скандал: Дали Светското првенство се одложува?

ФИФА

Светското првенство во 2034 година, чиј домаќин ќе биде Саудиска Арабија, би можело да донесе историски преседан и промена на календарот каква што досега не е видена во фудбалот.

Според информациите од светската куќа на фудбалот, ФИФА ја разгледува опцијата за целосно поместување на турнирот и негово одржување дури во јануари 2035 година.

Главната причина за овој потенцијално шокантен потег е Рамазан. Светиот месец во исламскиот календар од 2034 година ќе трае од 12 ноември до 12 декември, што го оневозможува целосно играњето на турнирот во ноември-декемврискиот период во кој се играше Светското првенство во 2022 година во Катар.

Поради екстремно високите летни температури на Блискиот Исток, играњето во јуни и јули е апсолутно невозможно, па затоа челниците на ФИФА имаат две главни алтернативи: Да започнат во 2034 година (јануари/февруари) или да го одложат за јануари 2035 година.

Доколку ФИФА се одлучи за опцијата јануари 2035 година, тоа ќе биде прв пат во 100-годишната историја на Светското првенство да се одржи надвор од календарската година за која официјално е доделено.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?