Премиер лигата го објави распоредот за сезоната 2026/2027

Новата сезона ќе почне една недела подоцна поради Мундијалот 2026, со пауза од 89 дена за играчите и завршница на 30 мај 2027 година.

Премиер лигата го објави денеска распоредот за сезоната 2026/2027, која ќе почне една недела подоцна од вообичаеното поради Светското првенство кое идната година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.
Воведното коло од новата сезона во Премиер лигата е закажано за 22 август 2026 година, една недела подоцна од вообичаеното, а завршното коло ќе се игра на 30 мај 2027 година.
Светското првенство 2026 година ќе почне на 11 јуни и ќе трае до 19 јули, што значи дека фудбалерите ќе имаат помалку време за одмор пред почетокот на национални првенства.
„Со сè повеќе згуснатиот глобален фудбалски календар, благосостојбата на играчите останува врвен приоритет за Премиер лигата. Како резултат на тоа, Премиер лигата ќе почне една недела подоцна следната сезона. Ова ќе овозможи да има пауза од 89 денови по завршувањето на тековната сезона и 33 денови по финалето на Светското првенство. Сезоната ќе заврши една недела пред финалето на Лигата на шампиони, кое ќе се игра на 5 јуни 2027 година“, се вели во соопштението на Премиер лигата.

Зачлени се на нашиот е-билтен