Ракометарите на Вардар денеска ги започнаа подготовките за новата сезона со прв тренинг и задолжителни медицински прегледи. Под водство на новиот тренер Иван Чупиќ, дел од тимот веќе работи со кондицискиот тренер, додека останатите ракометари ги извршуваат здравствените проверки.
„Сите ракометари на кои клубот смета сезонава се во Скопје. Во следните денови ќе се завршат сите прегледи, а потоа од понеделник почнуваат и тренинзите во сала. Потоа екипата заминува на висински подготовки, а до крајот на месецот треба да се одиграат и неколку контролни натпревари, и турнири“, информира РК Вардар.
Подготовките ќе кулминираат со настап во Суперкупот на Македонија, каде на 3 септември Вардар ќе се соочи со Еурофарм Пелистер. Тимот се надева на успешен старт и продолжување на традицијата на добри резултати во домашните и меѓународните натпреварувања.