Реал Мадрид имаше неуспешна мината сезона во која не освои ниту еден важен трофеј.
Шпанските медиуми наведуваат дека еден од причините за тоа е големиот број повреди кај играчите во последната сезона под водство на Карло Анчелоти.
За да се спречи вакво нешто во иднина, новиот тренер Хаби Алонсо заедно со раководството одлучија да го отпуштат целиот лекарски тим.
Според шпанските медиуми, во тимот задолжен за здравјето на играчите владееле лоши односи, што го натерало Реал Мадрид да преземе радикален чекор.