Ракометарот Дејан Манасков приведен по инцидент на натпревар во Охрид

Ракометарот на „Еурофарм Пелистер“, Дејан Манасков, бил приведен синоќа во Охрид по инцидент што се случил по завршувањето на ракометен натпревар, информираат од СВР Охрид.

Како што соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, на 14 декември 2025 година околу 20:20 часот, во полициска станица бил приведен Д.М. (33) од Скопје, ракометен играч и член на битолскиот клуб. Инцидентот се случил по натпреварот одигран во спортската сала „Билјанини извори“, при што, за време на меѓусебното поздравување на играчите, Манасков физички го нападнал К.А., помошен тренер на домашниот ракометен клуб од Охрид.

Од полицијата информираат дека по целосно расчистување и документирање на настанот, против инволвираното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.

Натпреварот заврши со победа на ГРК Охрид, кој го совлада „Еурофарм Пелистер“ со резултат 29:25.

Во врска со нарушувањето на јавниот ред и мир, од полицијата најавуваат дека во текот на денот ќе следуваат дополнителни информации.

Зачлени се на нашиот е-билтен