Сабаленка: Решив да се борам до крај без оглед на резултатот

Сабаленка: Решив да се борам до крај без оглед на резултатот
Ocoudis, CC0, via Wikimedia Commons

Решив да се борам до крај без оглед на резултатот, изјави најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка, која по двата пораза во финалните мечеви на Грен слем турнири, конечно успеа да го освои пехарот. Сабаленка воедно ја одбрани титулата на УС опен со триумфот над Аманда Анисимова.

Тоа беа големи лекции. По поразот во Мелбурн помислив дека најдобро е што е можно побрзо да заборавам, а истото се случи во Париз. Тогаш помислив дека треба да размислам за тие финални мечеви, едноставно не сакав да ми се повтори уште еднаш. Мислев дека штом сум финале тоа е доволно и дека ќе победам, како да не очекував дека и противничките ќе се борат. Бев решена да се борам до крај без оглед на резултатот. Не се уплашив, ниту кога изедначи. Ова е Грен слем финале, секој се бори до крај, изјави Сабаленка.

За тенисерката од Белорусија ова беше четврта Грен слем титула во кариерата, а оваа година имаше порази во финалните мечеви во Париз (Ролан Гарос) и во Мелбурн (Австралија Опен). 

Зачлени се на нашиот е-билтен