Србинот Јокиќ ја покори Америка, прогласен е за најдобар во НБА

Јокиќ ја покори Америка
Erik Drost, CC BY 2.0 , via Wikimedia Commons

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, е прогласен за најдобар играч во НБА од страна на кошаркарски експерти.

„ESPN“ спроведе анкета меѓу тренери, скаути и раководители низ целата лига. Тие веруваат дека 30-годишниот Србин е најдобриот играч во НБА и водечки кандидат за наградата за најкорисен играч на сезоната. 

Шеј Гилџус-Александар од Оклахома Сити тандер се пласираше на второто место, додека Лука Дончиќ од Лос Анџелес лејкерс ги заокружи првите тројца.

Во сезоната 2024-25, Јокиќ одигра 70 натпревари и имаше просек од 29,6 поени, 12,8 скока и 10,2 асистенции по натпревар. 

Зачлени се на нашиот е-билтен