[Видео] УЕФА го прогласи Барди за „генијалец на слободните удари“

Барди
Фотографија: ФФМ

Во краток коментар на социјалните мрежи УЕФА го прогласи Барди за „генијалец на слободните удари“. Оваа титула на македонскиот репрезентативец Енис Барди му е доделена за генијалниот гол од слободен удар на натпреварот со Казахстан.

Во 74. минута на натптреварот следеше момент на инспирација и Енис Барди со мајсторски удар од слободен удар ја погоди мрежата и донесе израмнување за Македонија. Тоа беше негов дваесетти гол во дресот со државниот грб, а арената „Тодор Проески“ буквално „експлодираше“.

До крајот, нашата репрезентација нападна со сите сили, но ниту Трајковски, ниту Елмас не успеаја да ја сместат топката во мрежата. Натпреварот заврши 1:1 – резултат што ја остава Македонија во игра за второто место, но со јасна обврска: победа против Велс во Кардиф во ноември е императив ако сакаме да ја продолжиме приказната кон Мундијалот.

Зачлени се на нашиот е-билтен