Важно известување за навивачите на Вардар: Отворен нов влез во „Јане Сандански“ за да се избегне метеж пред мечот со Висла

Пред вечерашниот голем дуел во Лигата на шампионите против полскиот вицешампион Висла Плоцк, РК Вардар 1961 излезе со важно известување до своите навивачи со цел побрз и поефикасен влез во спортскиот центар „Јане Сандански“.

За да се избегнат непотребни метежи пред вратите, клубот информира дека дополнително ќе биде отворен влез и од страната на главниот паркинг.

Инструкции за влез во салата:

  • Блокови 4, 5, 6, 7 и 8: За сите гледачи кои поседуваат билети за овие блокови, задолжително е да го користат новоотворениот влез од страната на главниот паркинг.
  • Останати блокови: Сите други гледачи треба да влегуваат преку соодветно означените влезови согласно нивниот блок и да го користат главниот влез во салата.

Од клубот упатуваат апел до фановите да пристигнат навреме и да бидат на своите места најдоцна до 20:30 часот, со оглед на тоа што натпреварот започнува во 20:45 часот.

Чупиќ: „Јане Сандански“ мора да биде неосвоива тврдина!

Тренерот на црвено-црните, Иван Чупиќ, пред вечерашниот предизвик истакна дека тимот го очекува исклучително тежок ривал, но дека Вардар ќе оди на победа.

„Висла е меѓу десетте или дванаесетте најдобри екипи во Европа. Имаат континуитет, ист тренер и, според мене, ја играат најдобрата одбрана во Лигата на шампионите во моментов. Нашиот напад мора да биде на највисоко ниво досега. Во ‘Јане Сандански’ никој не смее лесно да ги освојува бодовите — сакам нашиот домашен терен да биде неосвоива тврдина и конечно да ги крунисаме добрите игри со победа“.

Според квотите во Sport Life, полскиот тим влегува како фаворит на овој меч, а во понудата за обложување се достапни и игрите на број на голови за поединечните ракометари од двата состави.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?