Катерина Шиповиќ, Радмила Јованова и Жикица Ивановски се тројцата ултра маратонски џинови. Македонскиот тим имаше 3 учесници и исто толку финишери на првото претставување на Тор де Џајантс.
Сите ја завршија ултра-треил трката на издржливост насловена како Tor des Geants – Тура на Џиновите во долината Аоста, на тромеѓето меѓу Италија, Швајцарија и Франција, се одржа на која за прв пат имаше учесници од нашата држава.
Преку неверојатен спортски перформанс и приказ за човечката издржливост, истрајност и упорност нашите тројца претставници од клубот Трекс Скопје – Катерина Шиповиќ, Радмила Јованова и Жикица Ивановски успеаја да ги минат исклучително тешките 335 километри со искачување и спуштање од 27000 метри во срцето на Алпите.
Жикица Ивановски трката ја заврши на 126та позиција со време од 108:59:40, Катерина Шиповиќ трката ја заврши на 397та позиција со време од 129:42:30 се Радмила Јованова во финиш влезе со време од 141:10:43 на 539та позиција. На настанот стартуваа 1100 тркачи а лимит на трката е 150 часа.
Овогодинашни победници во машка и женска категорија се Ричард Виктор (Франција) со време од 66:08:22 а во женска конкуренција Ноор Ван дер Веен (Холандија) со време од 79:34:30.