10 грешки што може да ви го уништат летувањето во Грција – еве што никако да не правите

Летото само што започна, а плажите во Грција веќе се полнат со туристи. Мирисот на гиро, звукот на брановите и ладното фрапе се рецепт за совршен одмор. Но, има работи што дури и најискусните патувачи ги забораваат – и токму тие ситници може да ви го уништат летувањето.

Според искуства на туристи кои редовно патуваат во Грција, собрани на социјалните мрежи и форуми, постојат 10 важни совети што треба да ги следите ако сакате одморот да помине без стрес, проблеми и непријатни изненадувања.

Ова се 10-те нешта што никако не треба да ги правите во Грција:

Не влегувајте во море ако има црвено знаме.
Тоа значи дека условите за капење се опасни – дури и ако морето ви изгледа мирно.

Не паркирајте на забранети места.
Грчката полиција е бескомпромисна – може да останете без таблички, дозвола, па дури и со оштетено возило.

Не оставајте вредности без надзор на фреквентни места.
Особено на собирни пунктови за екскурзии, каде што има голема гужва – крадците внимаваат.

Не резервирајте сместување од непроверени огласи.
Социјалните мрежи се полни со измами – проверете рецензии и барајте препораки.

Не оставајте ништо во автомобилот.
Дури ни нешта што ви изгледаат безвредни – кражбите се чести, особено во туристички места.

Не пазарете веднаш по пристигнувањето.
Автомобилите преполни со багаж се лесна мета додека купувате вода или храна.

Не дозволувајте детето да се шета голо по плажа.
Иако делува невино, на некои места има пријавени случаи со педофили – внимавајте.

Не носете бурми и накит на плажа.
Многумина губат скапоцености во песок или море – групите на Фејсбук се преполни со апели за изгубени прстени.

Проверете ги пасошите веднаш по граничниот премин.
Секогаш уверете се дека сите документи се тука и дека се ваши – се случуваат грешки.

Не возете побрзо од дозволеното.
Грчката полиција користи радари, а казните се високи – а безбедноста е најважна.

Зачлени се на нашиот е-билтен