Под покровителство на Франција и Саудиска Арабија, вкупно 142 земји ја усвоија Њујоршката декларација за спроведување на решението со две држави – Израел и Палестина.
Според иницијаторите, документот претставува „неповратен пат кон мирот на Блискиот Исток“.
Франција, Саудиска Арабија и нивните партнери најавија дека ќе го презентираат конкретниот план за мир на претстојната Конференција за решение со две држави во Њујорк.
„Можно е поинакво иднина: два народа, две држави – Израел и Палестина – кои живеат еден до друг во мир и безбедност. На сите нас е да го реализираме тоа“, стои во заедничката изјава.