Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

2024, година на искушенија за британското кралско семејство

Изминатата 2024 година беше турбулентна за британското кралско семејство. На почетокот на годината кралот Чарлс и Кејт Мидлтон во јануари беа хоспитализирани во рок од неколку дена за потоа да биде соопштено дека имале рак. Кралот и принцезата од Велс значително го забавија темпото, при што Кејт изврши само неколку обврски, а кралот Чарлс го намали својот распоред колку што можеше.

Во продолжение некои од најважните моменти за британското кралско семејство во 2024 година:

– Најголемата вест од минатата година е двојната дијагноза на рак на кралот Чарлс и принцезата од Велс.

Кралот ја објави веста за ракот во февруари, а месец и половина подоцна, Кејт во видео порака проговори за својата болест. Во тоа време, портпаролот на Бакингемската палата рече дека кралот Чарлс е „многу горд на Кетрин за нејзината храброст да зборува“.

Кралот Чарлс сè се лекува, додека Кејт во септември соопшти дека завршила со хемотерапија, но оти нејзин фокус е „да прави сè што може за да остане без ракот“.

– Преку океанот, Хари и Меган излегоа од нивниот веќе не толку нов дом во Монтесито, Калифорнија многу пати годинава, патувајќи во Јамајка (во јануари), Канада (во февруари), Нигерија (во мај) и Колумбија (во август). Тоа не им пречеше на домашните патувања, како на пример во Флорида во април, или патувањата на принцот Хари во Лесото, Њујорк Сити, Лондон (повеќе пати) и многу повеќе. Познавачите коментираат дека тоа значи дефинитивна промена од минатите години за војводата и војвотката, кои претходно остануваа поблиску до дома.

– Во март, одбележувајќи го Денот на мајката во Велика Британија, палатата Кенсингтон објави фотографија од принцезата од Велс и нејзините три деца, направена од принцот Вилијам – фотографија која брзо се претвори во ПР катастрофа, откако беше повлечена од големите фотоагенции.

Еден ден подоцна, Кејт се извини за едитирањето на фотографијата. „Како и многу аматерски фотографи, повремено експериментирам со едитирање. Сакав да се извинам за каква било конфузија предизвикана од семејната фотографија што ја споделивме вчера. Се надевам дека сите што слават имаа многу среќен Ден на мајката“, напиша таа, но извинувањето не ги смири теориите на заговор.

– На крајот на 2023 година, војвотката од Јорк ја изненади кралската гарда кога му се придружи на кралското семејство во Сандрингам за Божиќ. Претходно, таа последен пат се појави со кралското семејство на Божиќ пред 32 години во 1991 година.

Но, божиќното појавување на Ферги не беше случајно: Во неделата на Велигден оваа година, која го одбележа враќањето на Чарлс на јавните ангажмани по објавувањето на дијагнозата за рак, војвотката од Јорк беше меѓу многу малата група членови на кралското семејство кои беа на миса. Таа не била на Велигден со членовите на кралското семејство од 1991 година, пред да се раздели со Ендрју, така што нејзиното појавување се смета за значаен момент.

– Во мај, кралот Чарлс го откри портретот на Џонатан Јео во Бакингемската палата. Јео рече дека кога Чарлс првпат го видел, кралот „првично бил благо изненаден од силната боја“. Портретот, кој беше нарачан во 2020 година, беше првиот официјален портрет направен за време на владеењето на Чарлс, а реакциите беа различни.

„Жал ми е, но неговиот портрет изгледа како да е во пеколот“, напиша еден коментатор на Инстаграм профилот на британското кралско семејство. „Дали се однесува на колонијалното крвопролевање предизвикано од британскиот империјализам? праша друг.

– Во јуни, милијардерот Хју Гросвенор, седмиот војвода од Вестминстер, се ожени со Оливија Хенсон во она што најблиску може да се опише како кралска венчавка во 2024. Меѓу кралските гости беа принцот Вилијам и принцезата Евгенија. Принцот Хари ја одби поканата.

За големиот ден, невестата носеше наметка и вел на Ема Викторија Пејн и историска дијадема, Fabergé Myrtle Leaf. Нејзиното „нешто сино“ беа нејзините сини невестински чевли.

– Првото јавно појавување на Кејт во 2024 година беше во Trooping the Colour, кога застана до својот свекор и мавташе од балконот на Бакингемската палата.

И покрај славеничкиот ден, настанот го истакна отсуството на принцезата и кралот во поголемиот дел од првата половина на 2024 година и како веќе ослабената монархија стана уште послаба.

– Кралот Чарлс и кралицата Камила беа домаќини на две големи државни посети оваа година: едната, во јуни, домаќини на императорот и царицата на Јапонија, и другата, домаќини на емирот од Катар и неговата прва сопруга.

Кралот и кралицата отпатуваа и во Австралија и Самоа, нивната единствена голема кралска турнеја во 2024 година. Нивното патување наиде на различни реакции, и покрај тоа што беше прва посета на Чарлс на кое било царство на Комонвелтот надвор од Обединетото Кралство откако стана крал. Во еден момент, кој стана вирален, беше прикажан австралиски сенатор кој извикуваше „Ти не си мој крал“ на Чарлс.

– Иако можеби средбата на Тејлор Свифт со принцезата Шарлот, принцот Џорџ и принцот Вилијам на концертот во Лондон не е „кралски момент“ за 2024, медиумите и социјалните мрежи „експлодира“ по објавената фотографија со пејачката ѕвезда. Сепак заклучокот на крај беше дека принцезата Шарлот била, како што ја опишаа, вистинска „супер ѕвезда“.

– На крајот на јуни, принцезата Ана беше хоспитализирана со полесни повреди на главата и потрес на мозокот „по инцидент на нејзиниот имот во Геткомб парк“, според Бакингемската палата. Нејзините повреди, според кралски извор, се совпаѓале со удар од главата или нозете на коњот, но принцезата делумно го изгуби памтењето, така што несреќата остана нејасна. По пет дена беше отпуштена, а по одреден период одмор и закрепнување, продолжи со вообичаените обврски.

– Во 2019 година, принцот Ендру даде интервју за BBC Newsnight, во кое зборуваше за неговото пријателство со Џефри Епстајн.

Тоа интервју беше повторно на насловните страници оваа година со две драматизации: филмот на Нетфликс Scoop и минисерија од три епизоди на Prime Video, A Very Royal Scandal. Интервјуто повторно се појави не само за прашањата за војводата од Јорк и Епстајн, туку и за вклученоста на принцезата Беатрис во интервјуто, неговата приватна секретарка Аманда Тирск и односот на кралицата Елизабета со нејзиниот трет (и наводно омилен) син.

– На почетокот на септември, кога Кејт објави дека завршила со хемотерапија, палатата Кенсингтон објави краток филм од Кејт и нејзиното семејство.

„Ова најново видео на Кејт, Вилијам и нивните три деца не е како ништо што Палатата некогаш го објавила досега. Претходно, видовме видео пораки, видовме некои снимки од зад сцената; и слушнавме повеќе од една длабоко лична објава од Кејт откако и беше дијагностициран рак. Но никогаш претходно некое видео не било толку интимно и не го прикажувало семејството како го живее својот секојдневен живот на таков исполнет и навидум нефилтриран начин“, напиша уредничката на T&C, Викторија Марфи.

Во видеото имаше јавно прикажување љубов меѓу Вилијам и Кејт, родителите на Кејт, Керол и Мајкл Мидлтон, и искрени моменти на кралските деца. Видеото, исто така, беше полно со симболика. Од контроверзноста со фотографијата за Денот на мајката, семејството од Велс зазеде многу поцврста контрола врз сликите (и видеата) што ги објавуваат во јавноста – ова триминутно видео се чинеше како природно продолжение на нивната нова стратегија.

– На почетокот на ноември, нов документарец го сврте вниманието на финансиите и практиките на Војводството Ланкастер и Војводството Корнвол.

Во „Кралот, принцот и нивните тајни милиони“, што се емитуваше на Канал 4 во Велика Британија, се истражуваше како членовите на кралското семејство го создаваат своето „лично“ богатство. Како што напиша Викторија Марфи во T&C, „Во документарецот се тврди дека NHS, британските вооружени сили и добротворните организации плаќаат милиони за користење на разни објекти и земјиште на имотот. „Се тврди дека приватните имоти на Чарлс и Вилијам не се финансирани од даночните обврзници, вели нараторот. Но, [Затворот Дартмур] е само еден пример од многуте каде тие заработуваат од даночните обврзници“.

– Принцезата од Велс во декември се врати на екраните за да го организира нејзиниот годишен концерт на божиќни песни „Заедно на Божиќ“ по нејзината најтешка година досега.

На почетокот на концертот, Кејт ги повика луѓето да „забават и да размислат за подлабоките работи што не поврзуваат сите нас“ и да се свртат кон „љубов, а не страв“.

Нејзината емотивна порака беше пренесена и во писмо што го доби секој гостин на концертот на 6 декември.

„Божиќ е еден од моите омилени периоди во годината, тоа е време за подароци, пити со мелено месо, но исто така е време да се забави и да размислуваме за подлабоките работи што не поврзуваат сите нас. Токму кога застануваме и се оддалечуваме од притисоците на секојдневниот живот, наоѓаме простор да ги живееме нашите животи со отворено срце, со љубов, љубезност и простување, се она што го претставува духот на Божиќ“, напиша Кејт.

– Британскиот крал Чарлс во божиќната порака им се заблагодари на медицинските тимови за нивната поддршка во неговата битка против ракот и ги пофали заедниците во Обединетото Кралство за нивното единство по протестите кон крајот на јули по фаталните прободувања со нож на три девојчиња на час по танц во Саутпорт. Говорејќи од лондонската капела Фрицровија, поранешната локација на урнатата болница Мидлсекс, кралот Чарлс ја изрази својата „срдечна благодарност“ до лекарите и медицинските сестри кои му пружиле „сила, грижа и удобност“ за време на неговото лекување од рак, објави „Гардијан“.

– На крајот на декември, кралското семејство, со исклучок на братот на кралот Чарлс, Ендру, присуствуваше на традиционалната божиќна црковна служба во Сандрингем.

Зачлени се на нашиот е-билтен