Во водите покрај Тунис загинале 27 африкански мигранти, откако потонале двата брода со кои се обиделе да го поминат Медитеранот.
Според полицијата бродовите потонале кај градот Сфакс. Претходно денеска, полицијата соопшти дека крајбрежната стража спасила 87 лица кои биле на истите пловни објекти.
Сфакс е град кој е често користен од мигрантите кои сакаат да го преминат Медитеранот за да стигнат во Европа.
Минатиот месец, туниската крајбрежна стража извлече тела на околу 30 мигранти по два одвоени инциденти со потонати чамци.
Тунис се бори со невидена миграциска криза и ја замени Либија како главна појдовна точка и за Тунижаните и за луѓето од многу други делови на Африка кои се движат со чамци на опасното патување низ Медитеранот во потрага по подобар живот во Европа.