Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

31.000 луѓе протестираа против пензиската реформа во Париз, 17 лица се уапсени

На протестот против пензиската реформа во Париз денеска се собраа 31.000 луѓе според податоците на полициската префектура, додека синдикатите наведуваат бројка од 300.000, јави радиото Франс Инфо и додаде дека 17 лица се приведени.

Париската полиција соопшти дека за време на протестот дошло до инциденти бидејќи учесниците запалиле барака на градилиште.

Синдикатите, кои од почетокот на годината организираат протести против пензиската реформа, соопштија дека во Париз имало 300.000 луѓе, а во цела Франција околу 900.000.

Протестите се организирани пред расправата во парламентот за предлогот на опозицијата за намалување на прагот за пензионирање.

Според законот, прагот за пензионирање е 64 години, додека претходно беше 62. Таа точка од реформата предизвика најмногу незадоволство кај граѓаните кои на повик на синдикатот организираат протести и имаше штрајкови.

Во цела Франција денеска беа распоредени 11.000 полицајци, од кои 4.000 во Париз.

Зачлени се на нашиот е-билтен