Во пет европски земји денеска беше спроведена голема акција против организирана група осомничена за измами преку лажни кол-центри.
Според властите во источниот германски град Дрезден, повеќе од 170 осомничени се претставувале како банкари или полицајци и измамиле главно повозрасни лица со лажни писма и опомени за наводен долг.
Полицијата претресе 35 локации поврзани со 39 осомничени во Германија, Грција, Австрија, Чешка и Словачка. Уапсени се двајца Грци и еден турски државјанин, а запленети се мобилни телефони, уреди и документи.
Во Германија, претреси беа извршени во Саксонија, Берлин, Баварија, Баден-Виртемберг, Хамбург и Северна Рајна-Вестфалија.
Обвинителството во Дрезден води истрага за 30.000 случаи на измама и перење пари, со вкупна штета од најмалку осум милиони евра.