Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Активисти запалија Куран пред египетската амбасада во Копенхаген

 Петмина антиисламски активисти денеска запалија Куран пред египетската амбасада во Копенхаген, што е трет ваков инцидент во Данска за помалку од една недела.

Собирот пред амбасадата го одржа група која себеси се нарекува „Дански патриоти“. Истата група претходно организираше палење на Куранот пред ирачката амбасада во Копенхаген.

Данската Влада соопшти дека го осудува сквернавењето на Куранот, велејќи дека тоа е „провокативна и срамна акција“. Сепак, додава дека владата нема моќ да ги блокира ненасилните демонстранти.

– Слободата на говор за време на демонстрации не вклучува само вербално изразување. Луѓето можат да се изразат на различни начини, како што се палење предмети, изјави професорката по право на Универзитетот во Копенхаген, Трине Баумбах. Слични инциденти се случија во Шведска минатиот месец.

Министерството за надворешни работи на Ирак ги повика властите во земјите на Европската унија „брзо да ја разгледаат таканаречената слобода на изразување и правото на демонстрации“, а властите на Турција соопштија дека остро го осудуваат „грозоморниот напад“ врз Куранот.

Официјална Анкара ја повика Данска да ги преземе неопходните мерки за да ги спречи ваквите „злосторства од омраза“ против исламот.

Зачлени се на нашиот е-билтен