Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Али Хамнеи: Труењето на ученички во Иран е „непростлив криминал“

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи го осуди бранот сомнителни напади со отров, кои засегнаа девојчиња во десетици училишта, како „непростлив криминал“.

– Сторителите на ова злосторство мора да бидат сериозно казнети. Нема да има амнестија за такви луѓе, рече денеска ајатолахот Али Хамнеи, пренесе ДПА повикувајќи се на државните ирански медиуми.

Ова беше прв пат Хамнеи, кој го има последниот збор во сите големи државни работи, да го коментира труењето што ги загрижува родителите низ целата земја.

Првите случаи на мистериозни заболувања беа пријавени во ноември. Оттогаш, стотици ученички биле лекувани во болници низ целата земја.

Речиси исклучиво биле погодени училишта за девојчиња. Родителите и роднините се лути особено затоа што сè уште нема официјално објаснување.

Владата на Иран верува дека девојчињата се намерно отруени, можеби од групи кои се спротивставуваат на образованието на девојчињата.

Лекарите сугерираат дека некој вид токсичен гас може да биде извор на нападите.

Зачлени се на нашиот е-билтен