Американската амбасада на Хаити ги повика американските граѓани да ја напуштат карипската земја „што е можно поскоро“, наведувајќи ја влошената безбедносна ситуација на Хаити.
„Американските граѓани на Хаити треба да ја напуштат земјата што е можно поскоро со комерцијален или приватен превоз“, се вели во соопштението на американското дипломатско претставништво.
Ескалацијата на војната меѓу криминалните банди на Хаити стана причина за хуманитарна криза.
Според Обединетите нации, околу 200.000 луѓе се внатрешно раселени, а на околу 5,2 милиони луѓе (речиси половина од населението на Хаити) им е потребна хуманитарна помош