Американски медиуми: Припадници на гардата почнаа да пристигнуваат во Лос Анџелес

Припадници на калифорниската Национална гарда почнаа да пристигнуваат во Лос Анџелес, јавија американските медиуми.

Според Еј-Би-Си, од рано утрово околу 4:00 часот по локално време, возила со припадници на Гардата се паркирани пред Палатата на правдата, што се наоѓа веднаш до Градското собрание во центарот на Лос Анџелес.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека ќе испрати 2.000 војници на Националната гарда во Лос Анџелес по вториот ден судири меѓу демонстрантите и имиграциските агенти за време на рациите врз локални бизниси за кои се сомнева дека вработуваат нелегални имигранти.

Зачлени се на нашиот е-билтен