Американскиот амбасадор во Израел го нападна Стармер и ја спореди офанзивата во Газа со бомбардирањето на Дрезден

Кир Стармер
Фото: Number 10, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, упати остри критики кон британскиот премиер Киер Стармер, споредувајќи ја израелската офанзива во Газа со бомбардирањето на германскиот град Дрезден во Втората светска војна.

Реакцијата следеше откако Стармер повика на итен прекин на огнот и изрази загриженост за хуманитарната криза во Газа, како и за судбината на израелските заложници што сè уште се во рацете на Хамас.

„Значи, Израел треба да се предаде на Хамас и да ги храни, иако израелските заложници се гладни?“ напиша Хакаби на социјалните мрежи, коментирајќи објава на британскиот премиер.

Изјавата на амбасадорот, која дипломатите ја оценуваат како „недипломатска“, доаѓа по одлуката на израелскиот безбедносен кабинет да ја прошири воената операција во Газа, што Лондон јавно ја оспори.

Зачлени се на нашиот е-билтен