Ауди ја затвора фабриката во Брисел: 3.000 работници останаа без работа

Компанијата Audi ја затвора својата фабрика во Брисел, при што сите 3.000 работници остануваат без работа, пренесува „Euronews“.

Фабриката ќе биде преместена во Кина и Мексико поради пониските трошоци за производство, што беше најавено уште на почетокот на минатата година.

До средината на 2024 година, производството во белгиската фабрика веќе беше намалено, а тогаш беа укинати меѓу 1.500 и 2.000 работни места.

До крајот на октомври не се појави ниту еден инвеститор или купувач за фабриката во Брисел, што доведе до конечната одлука за нејзино затворање во февруари.

Во фабриката во населбата Форест во Брисел, Audi произведуваше автомобили од 2006 година, откако тогашната фабрика на Volkswagen беше спасена од затворање.

Зачлени се на нашиот е-билтен