Австралија гласа: Лабуристите на Албанезе во водство според анкетите

Во Австралија се одржуваат парламентарни избори, на кои се избираат 150 пратеници во Долниот дом и 40 сенатори. Од 18 милиони избирачи, половината веќе гласале.

Премиерот Ентони Албанезе и неговата Лабуристичка партија, на власт од 2022 година, се соочуваат со конзервативецот Питер Датон. Според последната анкета на The Australian, лабуристите водат со 52,5% наспроти 47,5% за либерално-националната коалиција.

Клучно прашање е растот на трошоците за живот. Албанезе вети реформи во здравството и енергетиката, а Датон намалување на даноците и имиграцијата.

Гласањето е задолжително и се очекува првични резултати вечерва по затворањето на избирачките места во 18 часот.

Зачлени се на нашиот е-билтен