Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Австрија ќе купи 12 италијански борбени авиони

Фото: mashleymorgan, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Австрија планира да купи 12 борбени авиони М-346 ФА од италијанско производство за да ги замени авионите Сааб 105 кои ги повлече на крајот на 2020 година, соопшти владата во саботата.

Повикувајќи се на воени извори, весникот „Кроне“ објави дека писмото за намери треба да биде потпишано во сабота со италијанското Министерство за одбрана за авионите направени од италијанската компанија Леонардо.

Договорот во моментов се преговара со италијанската влада, соопшти австриското Министерство за одбрана, потврдувајќи го планираното купување на авионите.

Австрискиот канцелар Карл Нехамер рече дека договорот ја покажува силата на соработката меѓу Италија и Австрија.

„Моја посебна благодарност упатувам до италијанската премиерка Џорџа Мелони, која даде значаен придонес во склучувањето на овој договор“, рече Нехамер во изјавата.

Вкупните трошоци за купувањето допрва треба да се утврдат, но за тоа се буџетирани околу 1 милијарда евра, пишува весникот.

Авионите ќе се користат за обука на пилоти, поддршка за копнените сили и воздушната одбрана, соопшти владата.

Зачлени се на нашиот е-билтен