Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бајден: Мојата меморија е добра

Претседателот на САД, Џо Бајден ја критикуваше истрагата дека погрешно раководел со доверливи информации и оти не можел да се сети на клучни настани од животот.

– Мојата меморија е добра, немам проблеми со тоа, истакна Бајден на синоќешниот брифинг со новинарите,

Неговите критики уследија откако во извештајот на специјалниот обвинител на Министерството за правда, Роберт Хур се наведува дека Бајден неправилно чувал доверливи документи додека ја извршувал функцијата потпретседател на САД. Но, и покрај тоа Бајден нема да биде обвинет.

Во извештајот на Хур, кој разговараше со 81-годишниот американски претседател повеќе од пет часа како дел од истрагата, се наведува дека Бајден не можел ни да се сети кога починал неговиот син Бо.

– Искрено кажано, кога ми го поставија тоа прашање, мислев дека тоа воопшто не е нивна работа. Не ми треба некој да ме потсетува кога тој (Бо Бајден) почина, наведе Бајден.

Зачлени се на нашиот е-билтен