Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бајден нареди распоредување на 3.000 американски резервисти во Европа

Пентагон синоќа доби наредба од американскиот претседател Џо Бајден да испрати до 3.000 американски воени резервисти во Европа, се наведува на веб-страницата на Белата куќа.

„Го овластувам државниот секретар, секретарот за домашна безбедност и крајбрежната стража, кога таа не делува како служба во морнарицата, да им наредат активна служба на секоја единица или поединец кои не се распоредени на ниту една должност, да бидат во служба на Американската команда во Европа. Тој број не треба да надминува 3.000 војници“, кажа Бајден.

Од оваа бројка, исто така, ќе бидат распоредени околу 450 припадници од поединечните резервни сили за USEUCOM (Европска команда на САД).

Зачлени се на нашиот е-билтен