Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Чикаго ќе одржи клучен говор за визијата за економски просперитет на Америка.
Важен дел од оваа визија е да се оданочуваат богатите и да се инвестираат така добиените пари во области поврзани со националната безбедност, како што е индустријата за полупроводници, пренесуваат светските агенции.
Бајден ќе инсистира и на едукација на работната сила и зајакнување на економската конкуренција, велат луѓето кои имале увид во овој материјал.