Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бајру: Франција и Европа мора да се спротивстават на Трамп

Фото: Rama, CC BY-SA 2.0 FR, via Wikimedia Commons

Францускиот премиер Франсоа Бајру во понеделникот предупреди дека Франција и Европа како целина ќе мора да се спротивстават на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп и неговата политика, во спротивно ќе се соочат да бидат „скршени“.

„САД одлучија да започнат екстремно доминантна форма на политика, преку доларот, преку својата индустриска политика, преку фактот дека можат да ги заробат светските инвестиции и истражувањата во светот“, им рече Бајру на новинарите додека одржуваше Нов Годишно обраќање во градот Пау.

„И ако не направиме ништо, нашата судбина е многу едноставна – ќе бидеме доминирани. Ќе бидеме скршени. Ќе бидеме маргинализирани“, рече тој.

„И како реагираме, тоа е одлука која лежи исклучиво на францускиот народ и на Европа, бидејќи јасно е дека без Европа, не можеме да направиме ништо“, додаде Бајру.

Зачлени се на нашиот е-билтен