Покрај Германија и Австрија, скандинавските земји стануваат сè попривлечни дестинации за работниците од балканските земји, поради супериорниот општествен систем и рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот. Како нивна прва најпосакувана дестинација за преселба во странство ја издвојуваат Норвешка.
Според сведоштвата и коментарите на социјалните мрежи, норвешкиот живот е најблиску до очекувањата на многумина жители на Балканот.
- Две години живеев во Норвешка, во Берген, работев како доставувач на мебел. Најлесниот начин да се најде работа е преку агенција. Платата по час е 15 евра нето (180 норвешки круни). За изнајмување стан плаќам 650 евра (7.500 норвешки круни). Половина од мојата плата беше доволна за живот – храна, стан, сметки. Доста сум задоволен од животот таму. Има работна култура и опуштена атмосфера, зимата во Берген не беше многу постудена, само неколку степени пониска, напишал еден корисник.
Работа во Норвешка може да се побара преку интернет, но и да побарате станови, автомобили… Проблемот е што бараат норвешки идентификациски број, кој не можете да го добиете додека не почнете да работите.
- Затоа или мора да се договорите со работодавач да ви помогне, или да земете долгорочен сместување преку Airbnb за два или три месеци додека не го решите вашиот идентификациски проблем и не отворите банкарска сметка. Можете веднаш да почнете да работите, а мора да се пријавите во полиција во рок од три месеци, пишува друг работник во Норвешка, пренесува Дневно.хр.