Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бела куќа: Истрагата за импичмент на Бајден е неоснована

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер денеска ги осуди плановите на републиканците да покренат истрага за импичмент против демократскиот претседател Џо Бајден, нарекувајќи ги неосновани.

Како што јави Гласот на Америка, таа рече дека нема докази од страна на републиканците против Бајден додека ги истражуваат деловните зделки на неговиот син Хантер Бајден.

Истрагата е насочена околу тоа дали Бајден имал корист од деловните зделки на Хантер Бајден.

– Ова е политички трик, рече таа.

Според неа, се чини оти спикерот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти, највисокиот републиканец во Вашингтон, наредил истрага како одговор на притисокот од екстремно десничарските републикански законодавци, како што е Марџори Тејлор-Грин.

– Ова е цела вежба за тоа како да се направи ова на нелегитимен начин … Го напаѓаат претседателот политички, а не е за вистината, рече таа.

Жан-Пјер изјави дека републиканците не откриле докази дека Бајден направил нешто лошо „бидејќи претседателот не направил ништо лошо“, пренесе Гласот на Америка.

Зачлени се на нашиот е-билтен