Белата куќа го номинира Трамп за папа

На официјалниот профил на X, Белата куќа сподели фотографија креирана со вештачка интелигенција на која го прикажува актуелниот американски претседател, Доналд Трамп како папа.

Фотографијата, која оригинално е објавена од Трамп на неговата социјална мрежа „Truth Social“, а реобјавена од Белата куќа, се гледа Доналд Трамп како седи на папскиот стол, облечен како папа и покажува со прстот нагоре.

Ваквата фотографија доаѓа откако на социјалните мрежи корисниците се шегуваа дека Трамп би можел да биде новиот папа,  по смртта на папата Франциск.

Дури и самиот Трамп во изјава за медиумите, шегувајќи се, рече дека би сакал да биде новиот папа.

Изборот на новиот папа започнува на 7 мај, кога кардиналите ќе се состанат на тајна Конлава за да гласаат за новиот лидер на Римокатоличката црква.

Зачлени се на нашиот е-билтен