Белата куќа објави изменета фотографија од американскиот претседател Доналд Трамп облечен како Супермен. Односно спесифично е креиран во постерот за новиот Супермен филм кој штотуку ја имаше својата светска премиера. Новиот супермен филм е во режија на Џејмс Ган.
Во објава на социјалнта мрежа Икс, Белата куќа изјави: „Симболот на надежта. Вистина. Правда. Американски начин. Супермен Трамп“.
THE SYMBOL OF HOPE.
— The White House (@WhiteHouse) July 11, 2025
TRUTH. JUSTICE. THE AMERICAN WAY.
SUPERMAN TRUMP. 🇺🇸 pic.twitter.com/fwFWeYonAq
Најновиот филм од „Ворнер Брос Пикчерс“ денес ја има својата светска премиера, иако во Македонија филмот имаше премиера вчера. Првиот филм во универзумот на ДиСи, продуциран од „ДиСи Студиос“, го прикажува Кларк Кент како главна ѕвезда, заедно со Рејчел Броснахан, Николас Хоулт, Еди Гатеги, Ентони Кариган, Натан Филион и Изабела Мерсед. Второто рестартирање на филмската серија за Супермен е базирано на ликот на суперхерој од „ДиСи Комикс“.
Преземено од Мета.мк