Белата куќа: Модрицата на десната рака на Трамп е од ракување

Големата модрица на десната рака на американскиот претседател Доналд Трамп (78) е резултат на ракување, објави Белата куќа по ширењето на теоријата на социјалните мрежи дека модрината е предизвикана од интравенска терапија, пишува хрватски Индекс.

Модрината беше видлива за време на вчерашната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Белата куќа.

„Претседателот Трамп е човек од народот“, рече портпаролката на Белата куќа Каролина Левит, додавајќи: „Неговата посветеност е непоколеблива и тој тоа го докажува секој ден“.

„Претседателот Трамп има модринки на раката од постојаното работење и ракување секој ден, цел ден“, додаде Левит во следната изјава, објави NBC News.

И претходно имал модринка на истото место

Трамп имал видлива модринка или црвенило на десната рака во најмалку два други прилики, во август и ноември минатата година, објави NBC News, повикувајќи се на агенциски фотографии.

Модринките на десната рака на Трамп беа забележани и од различни медиуми во 2024 година. „Тоа е од ракување со илјадници луѓе“, изјави Трамп за магазинот „Тајм“ во декември 2024 година.

Трамп кон крајот на минатата година изјави дека ќе објави медицински извештај за неговата здравствена состојба, но тој се уште не го сторил тоа.

Зачлени се на нашиот е-билтен